речник контакт

Оџа присвоил пари наменети за обнова на џамија во Горно Врановци

Нејаз Мурати е осуден на условна затворска казна треба да ги врати и парите

Петар Печков

Оџата од  велешко Горно Врановци  Нејаз Мурати од село Бузалково, е осуден оти присвоил дел од парите за обнова на џамијата во селото. Мурати беше прогласен за виновен во Основен суд Велес и доби алтернативна мерка, три месеци затвор ако во следната една година не нарави друго кривично дело.  

Според обвинението Мурати од јуни 2004-та до јули 2009-та, кога се  вршело обнова на џамијата во селото Горно Врановци, се договорил со лице од Германија сите пари  кои тие ги собрале таму,  дека ќе ги потроши за реновирање.

Од вкупно добиените 22 илјади евра, 7,2 илјади потрошил, 9,5 илјади ги вратил на рака а за себе задржал 5 илјади евра.  Иако за овие средства потпишал пред нотар дека ќе ги врати до крајот на 2010-тата, тоа не го сторил.

Со ова Нејаз Мурати сторил кривично дело измама, за што е прогласен за виновен и донесена е условна затворска казна, како и обврска да ги врати парите. Пресудата е правосилна. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »