речник контакт

Падна карпа близу Цуцка, регионалниот пат за Градско бил чистен два часа

Паднататa карпа ја чистеле екипи на ЈП Македонија пат и на ЈКП Дервен, од 19 до 21ч.

Петар Печков

Петокот попладнето, паднала карпа во близина на карпата Цуцка.

Поради дождот, кој деновиве падна, се излизгала карпата, која е надвор од заштитениот појас кој беше поставен по паѓањето во март 2018.

Таа блокирала една сообраќајна лента на регионалниот пат Велес –Градско. Отстранувањето на карпата било од 19  до 21ч.

Карпата ја товарало возило на ЈП Македонија пат а ја превезувало возило на ЈКП Дерен. При тоа во два наврати бил собрани три кубни метри карпа. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »