речник контакт

Падна пресудата за навреди преку Фејсбук

Апелација ја врати на повторно разгледување, барајќи документ од Фејсбук за идентификација на авторот и неговиот профил

Петар Печков

     Апелација ја врати првостепената пресуда за изрекување  клевети и навреди преку Фејсбук. Причината за ваквата одлука е што  не е добиена  идентификациона информација за сопственикот на  профилот. Поради ова Апелација препорачува во второто судење да се прибави овој документ, врз основа на кој ќе се заснова пресудата.  

Во   случајот  осуден беше Игор К. за  кривичното дело навреда изречена на мрежата Фејсбук.  Тој на 13-ти јуни 2010-тата, како член на Организациониот одбор на Рациновите средби, незадоволен од текстот на новинарот  Владимир Тевчев објавен на А1 со навредливи зборови се нафрлил врз авторот, а што можеле да го прочитаат голем број негови пријатели, но и пријатели на Тевчев. За ова Игор К. беше казнет со условна казна од сто евра, доколку во следните две години  го повтори делото.

Во Основниот суд во Велес процесот траеше невообичаено долго, две години, при што беа одржани дури 19 рочишта. Во обид за вештачење и докажување дека  Игор К. е авторот на навредливите зборови, побарана е помош и од мрежата Фејсбук. Тие пак барале возвратно други детали, потребни за македонската полиција за да докаже дека заканите се изречени од профилот на тужениот.

Преписката заглавила а судијката Тања Милева, која ја донесе оваа  пресудата  ја темелеше врз основа на изјавите на сведоците и нивната потврдата за автентичноста на профилот на Игор. К.  Апелација бара обезбедување токму на овој документ во натамошната постапка.

 Слична судбина имаше и судскиот предмет во кој велешанец се гонеше  поради ширење малолетничка порнографија преку интернет. Врховниот суд  ја укина пресудата со која велешанец беше осуден за  ширење на малолетничка порнографија преку интернет. Пресудата со која Основниот суд во Велес е изречен затвор од  18 месеци а Апелациониот суд од Скопје ја потврди, е поништена и вратена на првостепена постапка.   Во постапакта треба да се докаже дека токму обвинетиот ја пуштил снимката во јавност,  во кој тој има секс со две девојки, од која едната е малолетна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »