речник контакт

Пазарната инспекција казнила две кафетерии поради не почитување на мерките

Семејни свечености можат да предизвикаат нови кластери, нови заболени од ковид-19 предупреди градоначалникот Коцевски

Петар Печков

На денешната прес конференција на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја соопшти информацијата добиена од пазарната инспекција. По повеќе извршени инспекциски надзори, на повеќе угостителски објекти во Велес, биле издадени првите казнени платни налози. 

Од страна на пазарната инспекција бевме известени дека има грубо непочитување на Уредбата за задолжително држење на растојание во некои кафе барови. Беа потенцирани две кафитерии на кои им се изречени парични казни. Ако продолжат со таква работа ќе следат кривични пријави - соопшти Коцевски. 

Тој ги потенцира и свадбите, крштавките, родендени  што се случуваат во домашни услови во време на ковид-19. 
 Овие семејни свечености можат да предизвикаат нови кластери, нови заболени од ковид-19 на територијата на Општина Велес . Тие се потенцијална опасност за нов бран и мора да се сопрат на време - додаде Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »