Петар Печков
Објавено: петок, 11 мај 2018
На последната седница на Советот на Опшtина Велес, прифатена е понудата од ,,Пакомак,, за донација. Таа се состои од 20 пластични контејнери од 1,5 м³ и се наменети за собирање и складирање на отпадно стакло.
ПАКОМАК одлучи на Општина Велес да и донира уште 20 специјализирани контејнери кои ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно-прометни површини, со што ќе се придонесе на засилување на системот за собирање на отпад кој може да се реупотреби и рециклира.
Понатамошниот корисник на донацијата ќе биде ЈКП „Дервен“ со што ќе се овозможи употреба и одржување на садовите од страна на овластен оператор за постапување со отпад од пакување на територијата на Општина Велес. Донацијата е со вредност од 375.240,00 ден. со што ќе се придонесе на засилување на системот за собирање на отпад кој може да се реупотреби и рециклира.
Локалната власт апелира до граѓаните да ги користат контејнерите исклучиво за селекција на отпадно стакло (шишиња и тегли) со што ќе придонесат за селектирањето и рециклирањето на комуналниот отпад и заштитата на животната средина.
Лани ПАКОМАК на Општина Велес и донираше 10 контејнери за собирање на старо, отпадно aмбалажно стакло (амбалажа од шишиња, тегли) кои беа поставени во непосредна близина: ТУШ, БРАКО, КАПРИ, ВЕ-МОЛ, ПАБ, САКО ТРЕЈД, Градски парк, по должина на ул. Лазо Осмаков. Донациајта е веќе добиена и 20-те контејнери наскоро ќе бидат поставени.
Tweet |