Петар Печков
Објавено: вторник, 03 септември 2013
Нова сообраќајка на пешачки премин. Претпладнето околу 9,30 часот на улица 8-ми Септември веднаш спроти аптеката Зегин, автомобил шкода октавија со велешки регистарски таблички удрил пешак кој минувал на пешачки премин.
Според очевидците, жената минувала преку обележаниот премин, кога автомобилот кој доаѓал од кај пошта ја удрил и таа паднала. Веднаш била пренесена во велешката Болница, каде се констатирани лесни телесни повреди.
Бидејќи оваа улица единствено ги поврзува двата дела на градот, стариот и новиот а згора на тоа беше и вторник, пазарен ден се создадоа огромни колони автомобили, нервозни возачи кои некаде итаа. Велешани со револт зборуваат за непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од страна на возачите.
Оваа сообраќајка ја отвора дилемата за сообраќајната култура на дел од велешките возачи кои и на пешачки премин удираат пешаци и не даваат предност.
Tweet |