речник контакт

Панче Тошковски министер на МВР во техничка Влада на Џафери

Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје

Петар Печков

На денешната седница на Републичкото собрание беше изгласана новата техничка Влада, која ќе работи во наредните 100 дена до завршувањето на изборите. Меѓу двајца нови министри по предлог ан ВМРО-ДПМНЕ, кои се  согласно Пржинскиот договор е и новиот министер на МВР,тоа е велешанецот Панче Тошковски.

Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Има положено правосуден и адвокатски испит, а во моментот е адвокат во граѓански, имотно- правни, трговски, кривични и управни спорови, пишува во неговата биографија.

Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »