речник контакт

Парични глоби за две гатачки, две јатрви

Ако не платат ќе лежат по 170 дена затвор

Петар Печков

Две гатачки од Велес, две снаи за двајца браќа,  во два различни судски процеси  во Основен суд Велес,  се осудени на парични глоби од по 105 илјади денари затоа што измамиле нивни сограѓани.  

Во првиот Рамхали Веселова на 16-ти јануари 2014-тата  влегла во фризерница и на сопственичката и ветила дека  знае да растура магиии, а за да изработи амајлија потребно и е злато од неа. Оштетена  донела   голема петолирка, три мали, едно ланче, еден златен крст, машки прстен што севкупно вределе 92 илјади денари. Истите ги сплела во плетенка,кој Рамхали рекла дека не смее да ја отвора шест месеци и да ја чува под перница.

Од оштетената побрала 3,5 илјади денари и кога таа отишла да ги земе, гатачката  успеала да го замени  златото и место него  да остави денари. По ова заминала. Набргу жената посакала да видим што има во плетенката, ја отворила и на големо изненадување  видела дека нема злато, туку метални денари. Случајот во пријавила во полиција,која бргу го решила, по препознавање на гатачката, која веќе е  осудувана  за исто вакво дело.

 Во вториот предмет со истата казна  глоба од 105 илјади денари е  осудена Сефада Веселова исто така од Велес. Таа на 15 мај 2014-та, откако просела по домовите, на оштетената и се претставила дека знае да бае и лекува со амајлии и дека ќе и помогне да ја оттргне црната магија фрлена врз нејзината фамилија.      И ветила на врата дека од златните обетки, ланче и  прстен кои ги носела, може да подготви амајлија.  

Откако ја подготвила амајлијата а оштетената  требало да и даде нешто,  Сефада го земала златото а во амајлијата била празна. Оштетената ова го открила подоцна, случајот  нејзиниот сопруг го пријавил во полиција. Гатачката златото вредно 13 илјади   денари го продала за шест илјади денари. Истата била препознаена од оштетената. И таа претходно е осудувано за истото дело измама. 

Судот на Рамхали и Сефада Веселови, двете се јатрви,  им изрече иста казна глоба од    170 дневни глоби од по 10 евра или во денари 105 илјади. Доколку овие пари не ги платат  и двете ќе лежат затвор од 170 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »