речник контакт

Пари, пари, пари Велес vs. Македонија

Како да се најдат 90 илјади денари,на почеток, за да продолжи судскиот спор Велес vs. Македонија

Петар Печков

Петнаесет дополнителни  дена добија велешките граѓански здруженија и општината да уплатат 90 илјади денари за да  продолжи процесот по тужбата со која ,,Зелената коалиција,, ја тужи државата за 30 годишното загадување на градот од Топилницата.

Овие пари се потребни за да се плати вештачењето за определување на  парцелите, кои подоцна ќе се испитуваат дали и колку се загадени.  Ова е одлука на судијката Билјана Јачева во процесот, чие рочиште се одржа  во  четвртокот  во Основниот суд во Велес.

Парите во овој судски процес, прв во Македонија со кој граѓаните ја тужат државата за загадување,   се најголемиот проблем со кој се судруваат повеќе невладини организации со еколошки предзнак и општина Велес. Бидејќи ,,Зелената коалиција,, нема изворни средства ниту Буџет, тие во неколку наврати апелираа до јавноста за финансиска поддршка во процесот.

Тужителите посочуваат дека оваа сума од 90 илјади денари е споредбено мала, со таа што треба да се плати подоцна, за докажување дека почвата во Велес била загадена со тешки метали, производ на работата на Топилницата, поради негрижата на државата тоа да го спречи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »