речник контакт

Паркингот пред ПС Велес не е исчистен поради моето доаѓање кажа министерот Тошковски, туку возилата се пренесени на плац во Скопје

Сите хаварисани и одземени возила се пренесуваат на локација на град Скопје

Петар Печков

Со години паркингот пред Полициската станица Велес беше просторот каде беа оставени одземени возила по било кој основ за сторен прекршок, кривично дело. Дури и локалната власт  на Велес, пролетва им даде времено користење на простор во близина на градот каде тие можеа да се лоцираат. Но и покрај тоа, паркингот повторно се преполни со други новоодземени возила.

При вчерашната псоета на министерот Панче Тошковски, немаше ниту едно паркирано а одземено возило. На забелешката дека сите се отстранети поради неговото доаѓање, тој кажа дека се работи на проект, каде сита вакви возила треба да бидат дислоцирани се до нивната конечна судска одлука .

„Просторот пред велешката ПС беше отпад на скршени возила. Изминатите три месеци работевме на проектна документација и се што беше потребно  за еднаш и засекогаш да ги исчистиме овие простори, пред полициските станици од шутот што беше оставан таму изминатите 40 години.  Почнавме во Скопје, вака чисто е на сите полициски станици на подрачјето на СВР Скопје, продолживме со Велес, каде гледате дека се е отстрането, па продолжуваме и на подрачјето на другите единици на СВР на територијата на Македонија“ – кажа Тошковски. 

Сите хаварисани и одземени возила се пренесуваат на локација на град Скопје. Од таму  во зависност од судската одлука некои се предаваат на Агенција за одземен имот и се продаваат, други кои можат да се стават во функција со одлука на Влада се даваат на користење на одредени државни институции кои имат потреба од возила. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »