Петар Печков
Објавено: четврток, 12 август 2021
Советот на Општина Велес донесе одлука со која времено се стопира наплатата на паркирањето од неколку улици во гадот, кои се дел од паркинг зоната Б и Ц. Оваа одука е донесена по барање на ЈП Парк- спорт и паркинзи.
Со одлука се изземаат наплатата за улично паркирање на дел од улица „Лазо Осмаков", на дел од улица „д-р Христо Татарчев"и на дел од улица „11-ти Октомври".
„Изземањето од користење и наплата е поради потребата од целосна реконструкција на ул.„Лазо Осмаков“ и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација истата. По завршување на наведените активности, подзоните Б4 улично паркирање на ул.„Лазо Осмаков“, Ц1 улично паркирање на ул.„д-р Христо Татарчев“ и Ц2 улично паркирање на ул.„11 Октомври“ ќе се вклучат во системот за наплата на паркинг места.“ - пишува во образложението.
Улицата Лазо Осмаков е таа што води кон Хигиенски, Христо Татарчев е кај училиштето Васил Главинов а 11-ти Октомври кај салонот на Симпо. Од почетокот на месецов во Велес започна да се наплатува паркирањето на неколкуте јавни паркиралишта во градот.
Tweet |