речник контакт

Партиите за локалните избори ќе добијат пари

Од Буџетот на Општина Велес, за четири пaртии ќе се исплатат 11 илјади евра

Петар Печков

Партиите  кои учествуваа за Локалните избори 2017-та ќе добијат паричен надомест. На последната  10 седница на Советот на Општина Велес  донесе одлука  за утврдување на надоместок на трошоци за избори на организаторите на изборната кампања чии кандидати се избрани за членови на Советот на Општина Велес и за Градоначалник на Општина Велес.

Согласно одлуката четири партии кои во законскиот утврден рок поднеле извештаи за трошоците што се однесуваат на изборната кампања, им се утврди следниот износ на надоместок:

СДСМ - 454.785,00 ден

ВМРО-ДПМНЕ -  185.085,00 ден

ДУИ   -6.585,00 ден

„Левица“ -16.260,00 ден

В к у п н о: 662.715,00 ден.

Надоместокот ќе биде исплатен од Буџетот на Општина Велес за 2018 година

Иако на изборите со свои листи учествуваа Алијансата за Албанците и Народното Движење за Македонија, тие не поднеле извештај во рок од 30 дена по завршувaњето на изборите, па нема да добијат средства.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »