Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јули 2020
Вчера утро, патнички воз на влезот во железничка станица Јане Сандански, излетал од шините, среќа е што нема повредени и мала материјална штета. Во патничкиот воз, локомотива и еден патнички вагон, кој сообраќал од Кочани за Скопје имало околу дваесетина патници.
Бидејќи возот влегувал во железничка станица возел со мала брзина. Настанот е евидентиран во полицискиот билтен и МВР денес информираше за него.
Hа 22-јули околу 8.25 часот било пријавено дека на влез на Железничка станица „Јане Сандански“ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани- Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините, по што удрил во метален столб. Во незгодата нема повредени лица - информираа од МВР.
Дали причината за излетувањето е топлото време и проширените шини или крадците кои украле шрафови од пругата, како што упатени тврдат, ќе се знае по увидот на екипа МЖ Инфраструктура.
Денес е врши увид, комисијата е на терен, која ќе ја утврди причината зошто се случило излетувањето - кажаа од МЖ Инфраструктура.
Железничкиот сообраќај на релацијата од Скопје кон Велес бил во прекин пет и пол часа, до 14ч вчера.
фото архива
Tweet |