Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
Од попладнево повторно е во прекин железничкиот патнички сообраќај во земјава. Нема да тргнат возовите кон Битола, Табановци и Гевгелија, единствено ќе сообраќа тој за Кочани, но ќе вози само до Велес и назад, како и тој од Гевгелија кој тргнува во 17,47 а во Велес за Скопје е во 18,40ч.
Патничкиот железнички сообраќај ќе биде во прекин се до понеделник наутро, кога ќе тргнат првите возови но само до Скопје кон другите дестинации, информираа од МЖ АД Транспорт.
Понеделник наутро нема да има возови од Битола, Гевгелија, Кочани и Табановце кон Скопје. Причина што ќе има прекин е полицискиот час кој поради заканата од КОВИД-19 повторно е воведен во земјава, во некои градови, целосно, во други делумно.
Tweet |