Петар Печков
Објавено: среда, 20 ноември 2013
Три години велешките пациенти чекаат да добијат можност за користење на приватен физијатар, кој постои во градот, но безуспешно, таму можат да се лекуваат само со целосно плаќање на третманот. Ова за нив е скапо, оти повеќето биле стечајци, невработени или технолошки вишок. Затоа тиe бараaт како и во Скопје и во Велес да можат да одат на физијатар со користење на партиципација.
Иако во градот има приватна лекарска ординација за физикална медицина, малкумина од нас можат да си дозволaт таму да се лекуваат. Таа и по толку години работа не прима картончиња и мораме да одиме во Болница. Таму ни приближно не се такви условите за лекување во однос на опремата. Секогш има редици, гужва. Згора на тоа од неодамна втората докторка си замина за Германија, така што има само една. Ние сме пензионери, има стечајци, технолошки вишок, таков ни е градот а сакаме да се лекуваме современо, но не можеме да ги платиме овие поскапи услуги. Додека работевме имавме пари, сега се чувствуваме како граѓани од втора категорија. Ако може да се оди со партиципација на други здравствени услуги, зошто не и на физиклна кога има таква амбуланта во градот – велат велешани кои имаат здравствени проблеми со локомоторниот систем.
Сопственичката на оваа здравствена приватна ординација објаснува дека таа безуспешно неколку години се обидува да биде корисник на Фондот на здравство.
Три години преку Фондот барам да добијам можност да склучам договор со нив, па пациентите да ги користат погодностите на картончињата, плаќање со партиципација. Но преку мрежата на здравствени услуги која е воведена, мене ме одбиваат. Ваков проблем немам само јас имаат и други колеги од внатрешноста на земјава. Пациентите реагираат до мене, но одлуката не е во моја надлежност – вели др Татјана Стоиловска специјалист физијатар.
Од Здружението на приватните лекари н Македонија информираа дека тие како еснаф застанале зад одлуката на Фондот на Здравство, заради егзистенцијата на постојниот здравствен систем а поради можноста за финансиски колапс, ако се дозволи склучување на договори со нови корисници, специјалистичките приватни ординации да останат на бројката од пред три години.
Tweet |