Петар Печков
Објавено: сабота, 14 март 2015
Петокот попладне велешанецот Стефан Т. ( 84 год) се запалил во Општата Болница во Велес а од здобиените повреди подоцна и починал. Тој бил пациент во заразното одделение и таму бил хоспитализиран од почетокот на седмицата. Докторите и сестрите, кои биле на смена, го гаснеле човекот кој бил во пламен со вода и ќебиња. Полицијата го потврдува настанот и испитува како дошло до него, а завршил со смртни последици.
Во полициската станица Велес е пријавено дека во 15, 25ч. во Општата Болница во Велес, во заразното одделение има пациент во пламен. Тој во моментот бил во тоалетот од една од собите. Веднаш е интервенирано од страна на медицинскиот персонал и пламенот го гаселе со вода и ќебиња - изјавија од СВР Велес.
Откако г огнот бил изгаснат од пациентот, тој бил префрлен на хируршкото одделение на велешката Болница но поради високиот степен на изгореници, итрно пренесен е во Градската Болница Св. наум Охридски в о Скопје. Стефан Т. подоцна од здобиените опекотини таму и починал.
Tweet |