речник контакт

Пензионерите со здравствено осигурување и во периодот додека добијат решение за пензија

Новина на Фондот за здравство за новите пензионери кои заминуваат од работа, од следната година

Петар Печков

Фондот за здравство најави дека од почетокот на следната година, пензионерите ќе бидат целосно осигурени, во периодот од заминувањето до добивањето на документот за пензија. Ова доаѓа по реакциите на оваа возрасна група граѓани, кои се до добивањето на  административното решение за пензија, мораа сами од џеб да си го плаќаат лекувањето. Подоцна парите им  беа рефундирани, но за нив ова  беше трошок.

Имавме ситуација кога пензионерите откако ќе заминат во пензија, се до моментот додека не добијат  решение од пензискиот фонд , месец, два, три, беа без здравствено осигурување, беа надвор  од евиденцијата на  Фондот на ПИОМ .  Ова е олеснување за новите пензионери, кои од почетокот  на следната година ќе заминат в пензија. Овој проблем досега беше надминуван со рефундирање, но ова е нов полесен начин како да се реши проблемот, кој го констатираа нашите подрачни служби  - изјави директорката на Фондот за здравство Маја Парнаџиева Змејковска на трибина со пензионерите во Велес.

Промената е со Правилник, кој регулира дека во првите 60 дена, кога нов пензионер заминува од работа, додека го стекне статусот на здравствено осигурен пензионер, да биде покриен бесплатно  здравствено,  како и другите пензионери.    Директорката очеквуа дека овој нов правилник да стапи во примена од почетокот на  јануари. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »