Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јануари 2012
Петар Шопов се роди утринава во 6,40 часот во велешката Општа Болница. Мајката Христина ( 26 години) се чувствува среќна. Бебето е тешко 2,6 кг а до пладне денес во Велес се родиле три бебиња од кои две се машки а едно е женско.
Градоначалникот Горан Петров на новороденчето му врачи плик со 12 илјади денари и посака што повеќе новороденчиња во оваа година и што повеќе радост и повеќе родени велешанчиња и детски плач на одделението. Началникот на акушерското одделение д-р Атанас Василев рече дека во 2011 се родени 720 бебиња.
Од интерното одделение на велешката болница изјавија дека имало мирна новогодишна прослава бидејќи немало примени пациенти поради алкохолизираност, имало само еден нарко зависник кој бил предозиран и два случаи на прејадување.
Tweet |