речник контакт

Петипол години затвор за превоз на 150 мигранти

Скопјанецот беше фатен на влезот од Велес

Петар Печков

 Скопјанецот С.Ј ( 40 год)  доби  пети и пол години затвор затоа што е фатен во обид за транспорт на мигранти.  Тој е осуден  и прогласен за виновен  во Основниот суд  Скопје 1 за кривичното дело  Криумчарење на мигранти.  Oбвинетиот ја признал вината  и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, при што е договорена затворска казна во траење од 5,5 години.

 Тој склучил спогодба со Обвинителството, по предочувањето на доказите за делото за кое се гони.   C.J. беше откриен и уапсен на 14 април, во утринските часови, во 7,30 кога со неговиот камион шлепер превезувал илегалци од Гевгелија до Куманово. Бил сопран од стана на полиција на Штипската клучка, на влезот од Велес.  

При контролата било откриено дека во шлеперот и приколката превезувал мигранти чиј број бил околу 150 лица. Тие  ја пресекле церадата и   поголемиот дел избегале по околните ниви. Биле фатени 15 лица, повеќето жени, две малолетни и едно бебе. Сите тие беа префрлени во прифаќаниот центар во Скопје.

 При истрагата е утврдено дека за патот низ Македонија мигрантите плаќале илјада евра од лице, од кои, како награда за извршената услуга возачот требало да земе по 50 евра од превезено лице. Освен казната на возачот му е одземен и камионот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »