речник контакт

Петмина ново заразени со ковид во велешко, еден починат на клиника во Скопје

Во велешко активни се 353 случаи

Петар Печков

Петмина велешани се ново заразени со ковид-19 изминатите 24 часа а оздравени се 13, објавија од Министерството за здравство. Или активни се 353  случаи а досега биле заразени 5.451 лице.

Министерството за здравство објави дека во болница во Скопје, починат е велешанец  на 65 годишна возраст, позитивен на ковид-19.  Тој е 170-та жртва на последиците од корона вируст во велешко.

Во велешка Болница  хоспитализиран  е 51 пациент,  од кои  38 се потврдени позитивни, тројца сомнителни  и десет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување, поради здравствени проблеми.

На кислородна поддршка се 24, од Болница се испишани се двајца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

На Инфективно  одделение згрижени  се 24 пациенти, на Интерно седум и во  Модуларната болница 20.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »