речник контакт

Петмина ново заразени со ковид-19 од Велес, двајца оздравени

Вработена во градинка, заминала во странство со негативен ПЦР тест а приватната лабораторија до надлежните здравствени институции пријавува позитивен тест,по што пет деца од градинка се во изолација заедно со воспитувачката

Петар Печков

Според  Министерството за здравство денес во Велес има пет нови случаи на позитивни на ковид-19 и двајца оздравени. Со тоа во општината има 36 активни случаи.

Двајцата мажи ново зарзени со коронавирусот се вработени во други градови, работат надвор од Велес и се заразени на работно место, една жена е заразена од член од семејството, една  жена според епидемиолошка анкета не може да посочи од каде се заразила. Петтиот случај е  многу чуден  вработена во градинка,  која заради патување во странство правела ПЦР тест, кој по нејзино кажување бил негативен и со него ја минала границата, ја напушила државата и сега се наоѓа во соседна држава. Подоцна резултатот од приватната лабораторија,  пријавен до Министерството за здравство е позитивен. Поради тоа петте деца од градинката и колешката воспитувачка се изолирани, извршена е дезинфекција на објектот.   Двете жени оздравени се од  домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.  

Досега во велешко има заразени 335 лица, од нив оздравеле 283 а починати се 16.  

На Инфективно одделение се 23 пациенти, 22 се потврдени позитивни еден сомнителен, еден пациент од Свети Николе  пуштен по два негативни теста како оздравен - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

 

при преземање на текстот или делови од него, да се посочи изворот, во спротивно за крадење ќе се поведе постапка пред надлежен суд

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »