речник контакт

Петнаесет нови случаи со ковид-19 а 13 оздравени пациенти од велешко

Активни се 324 случаи а 49 пациенти се згрижени во Болница

Петар Печков


Институтот за јавно здравје на Македонија,  за денес, недела, соопшти дека  во велешко има 15  ново заразени  позитивни на ковид-19 и оздравени   се 13 пациенти.   Со тоа активни се 324  случаи  а досега се заразени 3.753 лица.  
Во велешко од последиците на корона вирусот досега починале 118 лица.

И денес недела , висок број на хоспитализирани во велешка Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19.  На лекување се   49 пациенти, од  вкупниот број  41 се сместени на Инфективно одделение и седум се  на Интерно. Во текот на изминатиот денес - сабота, попладнето, еден пациент е  транспорт за Скопје во Приватна Болница -Систина.

Од  лежечките пациенти  41 се потврдено позитивни,  петмина   се  сомнителни и три лица   се со негативен тест но задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 17  пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »