Петар Печков
Објавено: недела, 12 април 2020
МВР информираше за настан кој се случи петокот наутро, околу 8ч. на Градскиот пазар. Продавач, кој бил од Росоман, а дошол да продава на главниот откако беше затворен тој во Нова населба, каде дотогаш нудел стока, предизвикал инцидент.
Се расправаше со другите пазарџии, нешто префрлаше, довикуваше, па тие повикаа полиција. Кога униформираните лица сакаа да ги идентификуваат, новакот на нашиот пазар, се спротивстави, даваше отпор. Дојде полициско засилување го совлада и изнесоа од пазарот- велат велешки пазарџии. МВР со повеќе информации за инцидентот.
На Градски пазар во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода И.Ѓ.(39), од Росоман, , поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, при обид за утврдување на идентитет од полициските службеници, физички нападнал полициски службеник и се обидел да го напушти местото на настанот - пишува во соопштението.
Tweet |