речник контакт

Петок вечер премиера во Велешки театар

Со претставата „НОНА“ започнува театарската сезона 2026/27

Петар Печков

Петок вечер од 20ч.премиера на претставата „Нона“ со која велешкиот театар Јордан Xаџи Констатнинов Џинот ја започнува театарската сезона 2026/27 година. Претставата е работена по текст на  аргентинскиот драмски автор Роберто Коса, во режија на Дамјан Костовски. 

„Станува збор за познатата црна комедија која преку хумор, апсурд и семејните односи отвора низа прашања за човекот, семејството и општеството“ – соопштија од велешки театар. 

Во насловната улога Нона настапува Фаик Мефаилоски, а во претставата играат и Кире Ацевски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова и Талија Ѓорѓиева.

Драматург e Катерина Момева, cценографијата е на Филип Коруновски, костимите на  Марија Пупучевска а кореограф e Кренаре Невзати.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »