Петар Печков
Објавено: четврток, 17 октомври 2024
Советот на Општина Велес, на денешната редовна 55 седница, донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост, поради трагичната смрт на тројца сограѓани кои го загубија својот живот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година на автопатот Скопје – Велес. Во несреќата тешко се повредени уште петмина велешани.
„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите наши сограѓани, а на повредените им посакувам брзо закрепнување и поскоро враќање во нормалниот живот“, кажа градоначалникот Марко Колев.
На Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, 18 октомври 2024 година, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.
Tweet |