речник контакт

Петочно гужви на наплатна рампа, ама кон Скопје (фото)

Дали излез е воведување винети и укинување на патарината?

Петар Печков

Попладнево од 14ч. и потоа се создале редици , колони на возила на наплатна рампа од  автопатот А-1, на делницата од Велес за Скопје. И тоа кај наплатната рампа Отовица.

Според возачите иако работеле четирите ленти, се чекало 10 до 15 минути. Чудно е што оваа гужва е во петок  попладне и тоа во правец кон Скопје а не кон Гевгелија, каде вообичаено овој период одат голем број туристи  на одмор. 

Овие редици доволно зборуваат во прилог укинување на патарините и   воведување на „Вињета“ што  би го олеснило движењето по Македонските патишта. Исто така драстично би се намалиле неподносливите гужви на наплатните рампи особено во периодите кога низ државата транзитираат туристи. Ем нема на + 35 во сенка да чекаме на ова врело летно сонце   -велат дел од возачите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »