речник контакт

Петрушев, Рибарски и Смилев во полуфиналето на СП во кајак на диви води слалом

Доцна попладневно се веслаа екипните трки 3хК1, каде Македонија го освои 14 место -јуниори и 17-то место до 23 години

Петар Печков

Македонските репрезентативци Ангел Петрушев и Стефан Рибарски се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во кајак на диви води, слалом во дисциплината К-1 кое се одржува во Краков Полска, за возраст до 23 години. Петрушев извесла одлично имаше второ време во елиминациите, додека Рибарски беше 20-ти.  Со тоа тие обезбедија пласман меѓу  30-те кајакари, кои петок претпладне ќе веслаат за финале.  Од нив 12-те најдобри ќе веслаат набргу потоа за медалја. Во оваа категорија Илија Ѓоргиев беше 56-ти од 80 учесници.

Веслаа и јуниорите. Кристијан Смилев обезбеди полуфинале со 20-то место и тој исто така ќе настапи на патеката во петок попладне меѓу 30-те полуфиналисти, од нив 12 се пласираат за финале кое ќе се весла подоцна.   Во елиминациите настапија и Павел Димовски  кој беше 62 а Филип Петрушев 84-ти  од 94 учесници. 


Доцна попладневно се одржаа и финалните трки во екипна конкуренција 3хК-1.

Екипно до 23 години Македонија  е 17 од 26 репрезентации. Победник е Франција која имаше најдобро време за Македонија заостана 22:13 секунди. Веслаа Ангел  Петрушев, Стефан Рибарски и Илија Ѓорѓиев. 

Екипно јуниори Македонија е 14 од 26 репрезентации. Победи Словенија, македонските репрезентативци заостанаа  23:68 секунди. Веслаа Кристијан Смилев, Павел Димовски и Филип Ангел  Петрушев.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »