речник контакт

Петрушев извесла финале на Европско првенство во кајак на диви води

Петрушев попладне ќе весла во финалето со 11 други кајакари

Петар Печков

Младиот македонски кајакар, велешанецот Ангелче Петрушев успеа да се квалификува за финалето на Европското сениорско  првенство во кајак на диви води. Тој во дисциплината К-1, во квалификациите беше 10-ти од 60 натпреварувачи со време од 98,13 и без казнени поени. Зад водечкиот, Британецот Јозеф Кларк заостана 7,35 секунди.

Ова е голем успех за Петрушев, бидејќи тој има 20 години а весла во сениорска конкуренција. Зад себе остави многу познати имиња од кајакот а попладне во финалето, меѓу 12 најдобри ќе биде во друштво на репрезентативците  кајакари на Британија, Италија, Чешка, Словенија, Франција, Австрија, Шпанија и Швајцарија. ЕП се одржува на патеката Тацен карј Љубљана Словенија.

Последен пат Македонија имала учесник во финалето на ЕП во 2010, Атанас Николовски, кој веслаше исто така на оваа патека.  На ова ЕП настапија и Кристијан Смилев кој беше 50 и Стефан Рибарски кој беше 59-ти. Финалето се весла попладне од 14,45 ч. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »