речник контакт

Петрушев и Мирчевски нa ЕП во кајак слалом на диви води во Прага

Двајцата велешани - македонски репрезентативци не успеаја да влезат во полуфинале

Петар Печков

Македонските репрезентативци, велешките кајакари Ангел Петрушев и Борче Мирчески не успеаја да влезат во полуфиналето на ЕП во кајак слалом диви води во дисциплината К-1.

Во првата квалификациона трка, која се возеше утрово-петок,  учествуваа 46 кајакари, Петрушев беше   36-ти со 23,8 секунди  задоцнување  а Мичевски беше  од 38-ми со 49,7 секунди задоцнување а првите 20 се пласираа во полуфиналето.

Во втората трка која се возеше на пладне,  Петрушев помеѓу 26  учесници беше 17-ти со 17,8 секунди задоцнување зад првопласираниот  а Мирчевски  24-ти со 124 секунди заостаток Од неа првите 10 влегоа во полуфиналето. 

Првенството се одржува во Прага на патеката Троја, полуфиналето е закажана за в сабота претпладне а финалето за попладнето.  На првенството учествуваат натпреварувачи од 20-тина држави од Европа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »