Петар Печков
Објавено: недела, 09 април 2023
Младиот велешанец, 18 годишниот Ангелче Петрушев по втор пат го освои меѓународниот куп во кајак на диви води слалом ИКАС. Тој денес победи на патеката Матка, во финалето, оставајќи го зад себе ланскиот победник, косовскиот репрезентативец Ѓоши за 2,1 секунда.
Во финалето во К-1 се пласираа и македонските репрезентативци, велешаните Стефан Рибарски кој беше петти и Борче Мирчевски кој го освои 9 место.
Ова е втора победа за Петрушев на ИКАС, по таа во 2021 година. Во оваа дисциплина се натпреваруваа 50 учесници од шест држави.
Tweet |