Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јули 2019
Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води, во јуниорска конкуренција, велешанецот Ангел Петрушев се пласираше на 37-то место на СП кое се одржа на патеката кај Краков - Полска.
Тој во дисциплината К-1 успеа да влезе во полуфиналето, меѓу 40-те најдобри од 77 учесници. На полуфиналната трка во горниот дел од патеката промаши капија, и за да ја совлада мораше да се врати со што загуби 15-тина секунди. За младиот и талентиран Петрушев ова е одличен пласман и најава доколку продолжи со посветеност може да постигне одлични резултати.
Во ова конкуренција веслаше исто така велешанец Мартин Мазнев кој во првата трка беше 64-ти од 77 кајакари а во втората без 30-те најдобри беше 44-ти.
Во младинска конкуренција учествуваше и третиот велешанец Христијан Игнатов кој во К-1 во првата трка беше 62 од 76 ученика а во втората без 30-те најдобри беше 45-ти.
Тројцата Петрушевски, Мазнев и Игнатов возеа и екипно 3хК-1 каде во конкуренција на 24 држави, македонските репрезентативци го заземаа 21-то место.
До крајот на сезоната од големите трки им претстои Светското првенство, при крајот на септември, кое ќе се одржи во Франција.
Tweet |