Петар Печков
Објавено: среда, 09 декември 2020
Од Центарот за јавно здравје Велес информираа дека денес, среда 9-ти декември регистрирани се 31 ново заболен, или досега вкупно 2.307. Оздравени се 32 а нивниот вкупен број за изминатиот период е 1.515. Активни се 717 случаи, од нив 62 се во велешка Болница, седум во приватни клиники во Скопје, едно во торако-васкуларна клиника и 647 се на домашно лекување.
Во велешка Болница хоспитализирани се вкупно 68 пациенти од кои 60 потврдени позитивни, шест сомнителни и два со негативни тестови, но со здравствени проблеми,
Испишани 4 пациенти како оздравени со 1 негативен тест, 31 пациент се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се 54 пациенти, на Физикално десет и на Интерно четири.
Tweet |