речник контакт

Пет години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај Чичево лани, кога почина негов другар а тројцата минаа со тешки повреди

Тој доби и забарана за управување на возило од „Б“ категорија во траење од една година

Петар Печков

Обвинетиот Панче Аџиов (23 год) е прогласен за виновен а петчлениот кривичен совет од Основен суд Велес му одредни казна затвор во пет години. Тој доби и забранз за управување на возило од „Б“ категорија во траење од една година. Пресудата не е правосилна.

Продолжени се и мерките на претпазливост, да не го напушта живеалиштето –Градско, повремено да се пријавиву во полициската станица во населбата, да нема контакти со родителите на загинатиот од сообраќајката.

Аџиов е осуден за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој го призна делото.

„Изразувам длабоко сочувство кон родителите на починатиот, каење и барам прошка од моите другари, жалам од срцето и со душата за стореното. Ја преземам одговорноста за делото, ќе ја носам цел живот“ -кажа низ солзи Аџиов обвинет за сообраќајката, во завршниот збор.

Сообраќајката се случи  минатата година на 28 август, 10 минути по полноќ во близина на селото Чичево, откако четворицата другари се враќале од славата на манастирот Св. Архангел Михаил.

Според обвинителството консумирањето на алкохол на обвинетиот кобната вечер и големата брзина на управување на возилото, несоодветна за тој дел од патот, била причина за сообраќајката. 

Сите четворица во возилото биле другари, почина Љупче Ончев (21 год) а со тешки повреди, тогаш во животно загрозувачка состојба беа Христијан Лазовски (23 год) и Бојан Петровски (21 год). Тие не побараа штета за предизвиканите повреди од сообраќајката. Тешки повреди имаше и обвинетиот.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »