Петар Печков
Објавено: вторник, 17 март 2026
Обвинетата Викторија Зерзева (20 год) од Градско доби пет години затвор за сообраќајката која пред 15 месеци се случи во близината на Кавадарци. Нејзе и се судеше во отсуство, за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во Основен суд Кавадарци беше прогласена за виновна и беше изречена и забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија за период од 5 години.
„Пресудата не е правосилна од причина што е поднесена жалба од бранителот кој и е поставен по службена должност. Возачот е прогласен за виновен со донесената пресуда, истиот возел брзо, преминал на другата коловозна лента , но не бил под дејство на алкохол или опијати. Кривичен совет , а со оглед на тоа што обвинетата не е достапна, издадена е потерница по која постапката е во тек за нејзино доведување“ - информираа од Основен суд Кавадарци.
Обвинетата Зерзева, која сообраќајката ја стори на 18 годишна возраст, била лоцирана во Германија каде била уапсена, се наоѓа во имиграционен притвор и веќе е започната постапка за нејзино испорачување во Македонија.
Сообраќајката се случи на 5 ноември 2024 година, во близината на село Рибарци, општина Росоман, во 8,45 на регионалниот пат Кавадарци –Росоман, кога возилото „сеат“ кое го управувала Зерзева удрило во возило „опел“ каде како почина сопатникот Марјан Петровски (40 год) од Велес, а две лица возачот од опелот и сопатничката на 18 години од возилото на обвинетата, имаа тешки телесни повреди- политраума.
| Tweet |




