Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 јули 2012
Велешанецот Сефа Демиров ( 32 год) доби пет години затвор затоа што нападна сограѓанка на улица и го скина увото. Настанот се случи на 29-ти февруари годинава околу 17 часот на улицата Ѓорги Димитров, кога Сефа и пришол на Б.Ц. ( 77 год) ја прашал каде живее извесен Зоран, по што откако видел дека има златни обетки и ја потегнал обетката и го скинал левото уво.
Преплашената жена тој ја ограбил и со илјада денари, кој и ги нашол во џебот од сакото. По ова избегал со такси. Полицијата го фатила, старицата го препознала и на суд, по што беше прогласен за виновен и доби пет години затвор за разбојништво. Тој се наоѓа на одлежување казна затвор за други дела и во полицијата има дебело досие за тешки кражби и разбојништва.
Tweet |