речник контакт

Пет кражби на ракија во велешко за три месеци, со украдени 480 литри

СВР Велес не бележи пораст на овој криминал. За украдени 20 литри 3 години затвор

Петар Печков

Пет кражби на ракија е регистрирано во последните три  месеци, првиот  од годинава, јануари  и последните два од лани, ноември  и декември. Ова се бројките кои ги  соопштија од  велешката полиција.

Според нивните  статистики нема  зголемен број  на кражби на ракија и споредбено 2015-та со 2014-та е нема зголемување, нема наплив на кражби на ракија.  Слична е   состојбата  и  во Полициските станици кои ги покрива СВР Велес, во   Кавадарци четири, Неготино  исто така 4  и Демир Капија еден случај.  

Во овој период од три месеци во велешко се украдени 480 литри ракија, кавадаречко 130, неготинско 170 и во Демир Капија 150 литри од овој алкохолен напиток.  Ракијата се краде  од дома, од викендички, подруми  и од помошни простории.   Од  СВР Велес додаваат дека   работат на разоткривање на сторителите,   дел се расветлени и пронајдена е одземената ракија и вратена на сопствениците.

Пред некој ден во Основниот  суд во Велес на  Благој Цветков  доби три години затвор за  20 литра ракија. Таа е изречена како на обвинет, кој веќе има други казни затвор.  Остана запишано кражбата од крајот на јануари, кога од викендичка кај Караслари  беа украдени 350 литри ракија а сторителот засега не е пронајден.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »