речник контакт

Пет нови случаи со ковид-19 во велешко и двојно повеќе оздравени

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се шест пациенти, еден помалку од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа пет нови случаи со ковид-19 во велешко.  Оздравени се десет  пациенти , со ова денес бројката на активни случаи  падна на 24 лица. Податоците се од Министерството за здравство. Починати лица  од велешко нема.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  шест пациенти,  еден помалку од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани четворица  а на Интерно се двајца пациенти. Нема ниту ново примен ниту  има  испишани. 

„Потврдено позитивни се двајца, непотврден е еден и тројца се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислодордна поддршка се тројца “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Сите шесте од   пациентите згрижени се од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »