речник контакт

Пет претстави на 23 издание на Фестивалот на античка драма Стоби, кој започнува утре вторник

Ќе се прикажат претстави на Драмски, струмички театар, копродукција на велешки-штипски-кумановски и гостувања на театари од Сицилија -Италија и Зрењанин - Србија

Петар Печков

Од утре вторник до 24 септември- четврток, ќе се одржи 23 издание на меѓународниот фестивал на античка драма Стоби. На програмата се шест претстави, од кое една е за затворање  на фестивалот и во чест на добитниците на наградите. Две од претставите се од странство, од Србија и Италија.  Публиката ќе има можност да ги види, 

утре „Бегалка“ на струмички театар на отворањето, среда 16 септември „Претходно“ на театарот од Сицилија, на 21 понеделник е копродукцијата на велешки, штипски и кумановски театар „Годо“,  на 22 септември вторник предвидена е „Падот на Масада“ на Драмски од Скопје и на 23 септември среда гостувањето на театарот од Зрењанин Србија со претставата „Лисистрата“. Затворањето на фестивалот е на 24 септември четврток со претставата„Сите прекрасни нешта“ на штипски театар, вчерата ќе бидат врачени и наградите. Жирито кое ќе одлучува за најдобра претстава, режија, машка и женска главна ролја е Весна Бобевска претседател и Кети Борисовска, двете актерки на велешки театар актерот од штипски театар Пеце Ристевски. 

„Бидејќи во Македонија имаме се помалку претстави, продукции на антички текстови, ќе предложам да се изврши промена во статутот, да се додаде член да се прошири фестивалот, за негово добро и добро на публиката. Да не бидат претстави ограничени само на античка тема. Претставата „Лисистрата“ и предлагам на публиката да не ја пропушти, бидеќи другите се од Македонија и можат да ги гледат. Ова е исклучитилна претстава, вредна да се гледа“ – рече Жарко Спасовски, директор на велешки татар, кој е организатор на фестивалот. Сите престави ќе се играат на сцената на велешки театар. 

Фестивалот се одржува со финансиска поддржка од 500 илјади од Општина Велес и 800 илјади од Министерството за култура. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »