Петар Печков
Објавено: четврток, 20 септември 2018
Ротари клубот од Велес ќе го финансира студирањето на петмина бруцоши од градот. Вчера беа доделени петте стипендии. Ротаријанците нагласија дека нивното внимание е насочено кон служба на новите генерации со цел младите да се стекнат со лидерски вештини и способности .
Стипендијата се однесува на комплетното нивно студирање во траење од четири години. Изборот на стипендистите го направиме преку нивните матични средни училишта, каде го завршиле средното образование. Оценивме дека тоа се квалитетни, солидни ученици на кои од финансиски причини им беше потребна нашата помош. Со ова даваме скромен придонес во нивната надградба, за да по дипломирањето станат успешни членови на заедницата. - изјави Живко Пренџов претседател на Ротари Клуб Велес.
Ова е втора година како доделуваат стипендии, мината година било за прв пат и имало еден бруцош, годинава се пет. Стипендии им беа доделени на Златка Досевска, Ѓорги Целцев, Илијан Лазаревски, Борче Цветков и Мартина Јорданова. Сите се на Меѓународниот Славјански факултет од Свети Николе.
Tweet |