речник контакт

Пехарот за Куманово, домаќинот Борец последен

Изминатиот викенд во салата Гемиџии се одржа традиционалниот ракометен турнир Ѓорги Гајдов. Победија кумановчани а Борец беше последен, четврти

Петар Печков

Екипата  на Куманово е победник на петтиот меморијален ракометен турнир Ѓорги Гајдов, кој изминатиот викенд се одржа во Велес а домаќин беше екипата на Борец.

Во неделното финале кумановчани беа подобри по изведувањето на пеналите од екипата на ВВ Тиквеш со 33:32, откако во регуларниот тек средбата заврши нерешено 29:29.

Во борбата за трето место Пролет го победи Борец со 29:25.

Во полуфиналните средби беа постигнати следните резултати Борец – Тиквеш ВВ 23:24  , Куманово – Пролет 27 :24.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »