речник контакт

Пингпонгарите на ППК Борец ги започнаа натпреварите во Супер лигата, со пораз на стартот

Започнаа и наптреварите во Втората лига, со градско дерби ППК Патриоти 1 и вториот тим на ППК Борец Тим

Петар Печков

Започнаа натпреврите во пингпонгарските лиги на Македонија. По две и пол  децениии во најквалитетното друштво Супер лигата, Велес има претставник, тоа е составот на ППК Борец ТИМ. Во првото коло играа со составот на ППК Крива Паланка и се поразени со 1:4. Во следните две кола, кои ќе се играат на 18 октомври, ППК Борец игра со ППК Младост од Прилеп и ППК Шампион ФА од Штип. 

Во Втората лига сениори, Велес има три претставници, две екипи на ППК Патриоти 1 и 2 во двете групи во оваа конкуренција и вториот тим на ППК Борец Тим. Во првото коло во регион 1, во локалното градско дерби ППК Патриоти 1 го победи   ППК Борец ТИМ со 4:0. Во групата регион 2 ППК Патриоти 2 го победи ППК Ѓорче Петров со 4:2, додека средбата ППК Патгриоти 2 со ППК Студент 2 е одложена,

Во следното коло на 17 октомври     Патриоти 2 игра со  ППК Гевдион од Гевгелија. Во групата регион 1, од 10ч играат  Патриоти 1 – Саса додека од 14ч   Патриоти 1  игра со  Мара Лопка. Два настапи има и ППК Борец, од  10ч, игра со  Мара Лопка  а од 14ч. со Саса (14h). 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »