Петар Печков
Објавено: среда, 25 февруари 2026
На последната седница на Советот, при разгледувањето за работата на Полициска станица Велес, се актуелизираше проблемот со питачењето. Тоа е присутно во Велес и граѓаните и советниците реагираат.
Од велешката полиција порачуваат дека овој проблем им е приоритет, но за негово решавање потребно е вклучување на зеадницата. Лани биле изречени 53 мерки а во 2024 година ниту една.
„Кога ќе го најдеме лице да проси издаваме наредба, ако не ја почитува го приведуваме во станица и ако има потреба таму да се задржи. Во пракса, лицето добива наредба, се повлекува, тој заминува доаѓа нов, така се организирани. Од 53-те изречени мерки, повеќето се за 2-3 исти лица. Знаеме каде живеат, знаеме кој се. Нашите ресурси се тие, ќе ги санкционираме пред Бензинска, оди кај пекара ВИГ, тој од ВИГ што проси доаѓакај семафорите, така ротираат. Потребно е да се вклучи Центарот за социјални работи. Питачењето го има секојдневно кај семафорите, по улица Благој Ѓорев. Потребна е помош и од Центарот за социјални работи. Засега со преветнива не успеваме, ќе мораме со санкции“ – кажа Ненад Дејановски, командир на ПС Велес.
| Tweet |




