Петар Печков
Објавено: вторник, 21 декември 2010
Настанот се случил во неделата наутро во 6,15 часот кога В.С. ( 18 год) и Т. Д. ( 25 год) пред продавницата на ,,Жито,, во центарот на Велес ја нападнале продавачката В.М. ( 37 год) при што Т.Д. и удрил бокс по лицето и ја повредил.
Претходно двајцата кај Градската Библиотека запреле таксистот М.К. ( 28 год) и кога тој излегол од колата Т.С. го удрил со стаклено шише по глава и го расекол. По пријавувањето на настанот полицијата ги фатила двајцата насилници на главната улица а повредените ги препознале.
Тие тврдат дека двете лица биле во алкохолизирана состојба, што кај Т.Д. било потврдено со проверка на крвта која покажала присуство на 1,5 промили алкохол, додека В.С. одбил да даде крв. По ова СВР Велес на двајцата им поднела прекршочни пријави за физичко насилство.
Tweet |