речник контакт

Пијани сограѓани го нарушуваат јавниот ред и мир, управуваат со автомобилот, семејна расправија на сопружници во која се користеле остар и дрвен предмет

Од полицискиот билтен на велешката полиција изминатите два дена

Петар Печков

На 12 август  во 21:50 часот на наплатна станица „Сопот“, велешко, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода С.Ш.(55 год) од село Мралино, скопско. При сообраќајна контрола на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта. 

На 13 август во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52 год) и неговата 49-годишна сопруга М.Е., двајцата од Велес. Според пријавеното, по кратка расправија во домот, Г.Е. физички ја нападнал M.E., а таа му возвратила со употреба на дрвен предмет. Исто така, Г.Е ѝ упатил закани со остар предмет и се заканувал дека ќе ја запали куќата со плинска боца, но бил спречен во намерата. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Г.Е. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,56 промили алкохол во крвта.

На 13 август во 21:45 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Ј.Т.(36 год) од истото село, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта. 

На 14 август во 02:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа И.Д.(18 год) од Велес затоа што на улица „Андон Шурков“ во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,89 промили алкохол во крвта. 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »