речник контакт

Пијан гостин предизвикал неред во угостителски објект

Кај лицето биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта

Петар Печков

Неделата пред полноќ гостин во угостителски локал предивикал неред, кршел и викал, па морала да интервенира полицијата. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 5 април  во 23:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Д.Т.(36) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и кршел предмети. По преземени мерки било констатирано дека Д.Т. бил по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта“ - информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

фото интернет

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »