Петар Печков
Објавено: четврток, 20 октомври 2022
Средата на пладне полициска акција, за апсење на лица кои дилаат марихуана. Уапсени се три лица, акцијата е спроведена во околина на салонот на Симпо и училиштето Васил Главинов.
„На 19 октомври во периодот од 12.10 до 17.50 часот на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Б.(36 год), Б.П.(36 год) и Т.Џ.(36 год) од Велес. Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена кеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана“ - соопштија од МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите од полицијата посочуваат дека против уапсените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |