Петар Печков
Објавено: сабота, 17 септември 2022
Локалниот патнички воз од Скопје за Велес, два часа бил расипан и стои на отворена пруга, пред железничка станица Зелениково. За ова алармираа патниците од возот, кој 120 минути, досега чекаат локомотива да го повлече возот. Поради ова блокирани се и двата патнички воза од и за Битола.
„Возот тргна во 13,20 и во 10 минути до 14ч. застана на влезот од железничка станица Зелениково. Два часа сме тика, безмалку е 16ч. но ништо не се презема да се реши оваа состојба. Кондуктерот пред малку не информираше дека тргната е локомотива од Трубарево, која за половина час би дошла и не одвлече до станица Зелениково. Потоа ќе го чекаме патничкиот воз од Скопје за Битола кој тргна во 14,30 и стоел во станица Драчево“- вели патник, кој ги користи услугите на овој воз.
Така наместо во 14,10 патниците од пладневниот патнички воз од Скопје за Велес, би требало најрано да пристигнат во 17 часот. Поради тоа што овој патнички воз, кој бил со електрична локомотива и два патнички вагони е расипан на отворена пруга, патничкиот воз од Битола за Скопје стоел на железничка станица Зелениково а патничкиот воз од Скопје за Битола, чекал на станица Драчево.
фото илустрација
Tweet |