Петар Печков
Објавено: петок, 04 февруари 2011
Општинскиот Црвен крст во Велес соопшти дека во изминатата година во градот и околината биле собрани 3.901 единица крв со што годишниот план од 1.861 единица бил натфрлен за 209,6 отсто. Со тоа Велес е четврта општина во Македонија по бројот на крводарувања.
Лани биле собрани 412 единици повеќе од 2009 година што укажува дека бројот на крводарители е во пораст.
Црвен крст Велес заедно со Одделението за трансфузиологија од Општата болница во Велес во 2010 организирале 30 акции за доброволно дарување крв, на кои биле собрани 1.512 единици. Преостанатите 2.389 единици од вкупниот број во Велешко минатата година биле собрани во Одделението за трансфузиологија.
Според евиденцијата на Црвениот крст Велес, од вкупно 1.950 крводарители во 2010-та, 732 биле жени, т.е. 167 повеќе од претходната година.
Првпат дарувале крв 567 лица, односно 107 повеќе од 2009-та. Најголем дел од новите крводарители биле средношколци и студенти.Минатата година во велес на 24 август се одржа најмасовната крводарителска акција во земајва, кога беа собрани рекордни 382 единици.
Tweet |