речник контакт

Платниот паркинг во Велес и натаму функционира ама малку кој плаќа

Ако претходно се собирале од 210 до 250 илјади денари во јануари и февруари биле собрани само 120 илјада

Петар Печков

Иако платениот паркинг во Велес не е укинат, ниту ставен во мирување, во јануари од паркирањето се собрани само 81 илјади денари додека во февруари 48 илјади. За потсетување,  претходно се собирало помеѓу 210 и 250 илјади денари месечно.

„Паркингот ниту е во мирување ниту е укинат и само Советот донесува таква одлука.  Треба да стои  во годишната програм за работа  на ЈП Парк спорт и паркинзи и прилив од средства од платениот паркинг“ - кажа Пандорка Прличкова советник од СДСМ.  

Најмногу средства од платениот паркинг во градот се собирале од тој пред Основен суд Велес,додека другите помалку, од некои и немало прибрано средства. Таков бил случајот со паркинзите кај  Автобуската, кај Стар мост, кај Гимназијата.  Минатата 2021 година од   приход од паркирање  биле собрани  1,026 милион денари а расходите   биле  1,511  милион денари или     загуба од   485 илјади денари.

Тогашниот директор Љупчо Иванов,тоа го препиша што еден паркинг, каде што времено се поставени тезгите и градскиот пазар не функционираше, а тој кај Гимназијата и кај Автобуската биле со мала наплата.

„За месец јануари оваа година, приходите се со вкупна сума од 81 илјада  денари со тоа што бруто платите за вработените во паркинзи чиј договор беше важечки до 14 јануари  изнесуваше 131 денари . Во расходниот дел влегува плус и сумата за покривање на броевите од таблетите кои вработените ги користеа. Во февруари напатени се 48.609  ден. вкупни приходи, 10.231 ден. расходи од работењето вклучувајќи провизија, телефон од одржување или  чист приход 38.378 ден. “ кажа Диме Левков в.д. директор на ЈП Парк Спорт и паркинзи.

Договорите со операторите А1 и Телеком  завршуваат во месец јуни оваа година. За првите два месеци, август и септември,  од функционирањето на платениот паркинг беа собрани   481 илјади денари, во октомври   246 илјади, во ноември  214 илјади, во декември 225 илјади.

Во Велес, во двете зони  на корисниците им се на располагање 11 јавни  паркиралишта со 315 паркинг места.  Цената на услугата во зона А е 30 денари, во зона Б е 20 денари, за еден час.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »