Петар Печков
Објавено: четврток, 07 мај 2026
Одбојкарите ветерани на ОК Борец победија во заостанатиот натпревар од второто коло на државното првенство. Тие во Тетово славеа со 2:0 над екипата на ОК Тетово ( 19;19). Возбудлив и динамичен натпревар во кој велешани беа подбри, за нови два бода, откако славеа и во првото коло, тогаш против ОК Скопје со истиот резултат 2:0. Тие се двократни победници на државната лига и имаат загубено само еден сет во сите натпревари.
По две кола оваа година со максимален учинок ОК Борец ветерани е на врвот со две победи колку што има и екипата на ОК Шкендија.
Третото коло се игра в недела, во Велес, во салата на ОУ Блаже Конески. На прогрмата се три средби. Започнуваат во 10ч. први играат ОК Шкендија и ОК Струмица, во 11,30 домаќинот ОК Борец со ОК Гевгелија а во третата средба противници се ОК Скопје и ОК Тетово. Слободен ова коло е составот на ОК Прилеп.
| Tweet |




